Завесите уште одамна биле значаен декоративен и функционален елемент во ентериерното обликување на станбениот, деловниот и репрезентативниот простор.

Разновидноста на материјалите и високата креативност во текот на изминатите стилски епохи, овозможија ентериерот да добие потполност, топлина и стилски имиџ.

Сето тоа денес Ви го овозможува фирмата „Талија“ која по нарачка изработува и монтира богат избор на: лесни и тешки завеси, панелни завеси, завеи на подигнување; венецијанер, вариолајт, роло и плисе ролетни.

Исто така „Талија“ Ви нуди широк избор на: корнизи, декоративни држачи, гајтани, траки и друга пропратна позамантерија.

Со нашето 20 - годишно искуство ќе ви овозможиме да се чувствувате многу попријатно во просторот.

Сите Права Се Задржани Скопје, 2012 talija.com.mk